Украинската гранична служба денеска соопшти дека Русија го затворила за пловидба северозападниот дел на Црното Море.
Присуството на бродови во оваа зона ќе се смета за терористичка закана, се наведува во соопштението, пренесе Ројтерс.
Украина вчера објави дека Русија погодила два трговски брода во близина на јужното украинско пристаниште Одеса, еден ден откако изврши напад врз Украина.