Русија го повика белгискиот амбасадор заради консултации

Од:

Руското Министерство за надворешни работи денеска го повика на консултации амбасадорот на Белгија во таа земја со цел да му ги предочи доказите дека белгиски воени авиони учествувале во воздушен напад на едно село во Сирија.

Претходно Белгија негираше дека учествувала во воздушниот напад на селото Хасаџек, на северот на Сирија, во близина на границата со Турција, при што во вторникот загинаа шест, а повредени се четири лица.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков денеска изјави дека има „убедливи“ докази за белгиското учество во спорниот напад.

Тој белгиското негирање го нарече „залудно“ и ја обвини коалицијата, предводена од САД дека ја избегнува одговорноста за тој напад.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски