Русија ги отфрли британските обвинувања за „нарушување„ на цивилната авијација

Од:

Русија ги отфрли британските обвинувања дека нејзините воени авиони кои патролираат во меѓународниот воздушен простор, предизвикуваат „нарушување“ на цивилната авијација.

Во официјално соопштение, рускиот амбасадор во Лондон Александар Јаковенко вели дека Русија „не ја разбира загриженоста“ на Британија.

„Станува збор за рутинска работа која не е закана, ниту претставува нарушување на летовите на цивилните авиони“, објаснува тој.

– Патролирањето на руските воени авиони е во согласност со меѓународните правни норми, изјви рускиот амбасадор Јаковенко.

Реакцијата на руската амбасада доаѓа по соопштението на британскиот Форин Офис за „инцидентите“ што ги прават руските воени авиони, летајќи близу до британскиот воздушен простор.Според Министеството за надворешни работи во Лондон, ваквите инциденти стануваат се почести.

Последниот инцидент се случил пред два дена, кога два руски бомбардери од типот ТУ-95, на Западот познати како „Мечки“ се приближиле на само 40 километри од британскиот воздушен простор.

Авионите дошле од север, поминале покрај западниот брег на Ирска, минале низ каналот Ламаш и се вратиле од таму од каде првпат се појавиле во реонот, близу до Велика Британија.

Во соопштението на Форин Офисот се вели дека авиони „Тајфун“ од британското воено воздухопловство (РАФ) полетале од две воени бази во Англија, за да го следат летањето на руските бомбардери. Целата операција на следење траела околу 12 часови.

Амбасадорот Јаковенко во соопштението на руската амбасада открива дека тој имал средби со британски функционери и разговарал околу ова прашање.

Ова не е прв ваков случај и тие значително се зголемија, по избувнувањето на кризата во и околу Украина, како и по нарушувањето на односите меѓу Западот и Русија.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски