Русија ги обвини САД дека испраќа војници во источна Украина

Од:

Русија денеска ги отфрли американските обвиненија дека во Украина разместила дополнителни системи за противвоздушна одбрана и го обвини Вашингтон дека во источниот дел на оваа земја, зафатен со конфликтот, испраќа воени инструктори, пренесе ДПА.

-Коментарите на портпаролката Мери Харф од Стејт департментот зборуваат за засмејувачка некомпетентност, рече од Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков

Харф вчера изјави дека руската армија во источна Украина разместила нови системи за противвоздушна одбрана и дека тоа од август наваму е најголемото трупање таква техника во зоната на конфликтот, забележа ДПА.

Портпаролката на Стејт департментот, исто така, ја обвини Москва дека продолжува со испораките на тешко вооружување во источна Украина со што се прекршува последната спогодба за запирање на огнот, како и дека го зголемува своето воено присуство долж границата со Украина.

-Тоа не се случува само во тренинг базата во Јаворив, како што беше покажано на украинската телевизија, туку директно во зоната на борбени дејствија, рече Конашенков.

Американскиот амбасадор во Украина преку Твитер го отфрли обвинението на портпаролот на руското министерство.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни