Русија ги демантира нападите врз сириски бунтовници поддржани од САД

Од:

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските и сириските воени сили во Сирија не извршиле напади, ниту ненамерни, врз сириски бунтовници, поддржани од САД.

– Ниту еден напад врз регионите посочени од американска страна не е извршен од руската или сириската авијација. Ефикасната соработка меѓу командата на военовоздухопловните сили на Русија во авиобазата „Хмејмим“ и военовоздухопловните сили на САД во борба против терористите од Исламска држава во Сирија и натаму ќе продолжи, нагласи Министерството.

На 28 февруари во Сирија имаше контакти преку воспоставени канали за врски меѓу руските претставник на командата на авиогрупата на военовоздухопловните сили на Русија во авиобазата „Хмејмим“ и американскиот колега во авиобазата Ел Удејкд во Катар. Во тие разговори претставникот на САД изразил загриженост дека сириските и руските авиони, кои извршуваат воени задачи јужно од градот Манбиџ, може да извршат ненамерен напад врз вооружени формации, поддржани од САД.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски