Велика Британија не повика претставници на Русија, Белорусија и на Мјанмар да присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи следниот понеделник. Информацијата ја даде извор од Вајтхол.
Како што јави Би-би-си, околу 500 достоинственици од целиот свет ќе присуствуваат на погребот на кралицата.
За најголем дел земји, повикот се однесува на шефот на државата плус еден гостин.
Извор: МИА