Русија бара целосно нормализирање на односите со Јапонија

Од:

Русија бара целосно нормализирање на односите со Јапонија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за јапонски медиуми, кое го даде пред посетата на оваа земја на 15 и 16 декември.

Путин нагласи дека недостигот на мировен договор меѓу Москва и Токио е анахронизам.

– Западните санкции, воведени против Русија по анкетирањето на Крим се препрека за мировниот договор со Јапонија, предупреди тој.

Путин нагласи дека Русија има волја да дискутира по прашањето за заеднички економски активности со Јапонија на Курилските Острови, за кои двете земји водат спор.

– Секоја таква активност сепак треба да биде извршувана под руски суверенитет, додаде тој.

Путин нагласи дека јапонскиот предлог за економска соработка во осум области придонел за атмосферата на претстојните разговори со Јапонија.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски