Руди Џулијани: Ќе докажам дека фамилијата на Бајден е поврзана со корупција и криминал

Од:

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани во своето обраќање на телевизијата Фокс соопшти дека ќе докаже дека постои корупција во соработката на поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден со Украина.

Како потпретседател, Бајден интервенирал во Украина за да побара разрешување на еден од обвинителите кој ја истражувал енергетската компанија што му исплатила на синот на Џо Бајден голема сума на пари.

За време на интервјуто, Џулијани кажа дека може да докаже дека постои корупција затоа што директорот на Burisma Holdings, енергетската компанија што била ангажирана од синот на Џо Бајден, го поткупила за тој  во иднина да ја заштити.

Руди нагласи дека украинските извори кои споделиле информации со него се плашеле дека нормалните канали на известување се директно контролирани од службени лица лојални на Клинтон и дека тој немал друг избор освен да поведе сопствена истрага.

„Дали ќе ги соопштам сознанијата како што тоа го прават демократите и медиумите? Апсолутно не. Гонев премногу случаи на корупција за да седам мирно и да ја гледам мојата земја распродадена од потпретседателот Бајден“, додаде тој.

На својот твитер профил тој напиша: „Фирмата на фамилијата Бајден направи милиони продавајќи ја државната служба. Кога Џо беше човекот на Обама, тие заедно направија милиони“.

 

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Зеленски: Зборував со Бајден за поддршката на САД за Украина

Бајден ја осуди одлуката на Мета да стави крај на програмата за проверка на факти