„Рош“ со барање за забрзана процедура за одобрување тест за ебола

Од:

Швајцарската фармацевтска компанија Рош настојува да добие по забрзана процедура одобрување од САД за тест за дијагностицирање ебола, изјави синоќа генералниот директор на таа фирма Северин Шван.

Тестот е подготвен за примена во научни истражување, но компанијата Рош сака сега регистрирање за клиничка употреба.

– Рош поднесе до ЕУ барање за одобрување на тестот, а планира наскоро да го направи и пред американските надлежни служби. Ние се надеваме дека тие ќе ни го одобрат тоа по забрзана процедура, додаде Шван.

Според СЗО, речиси 4.900 луѓе ги загубија ивотите од ебола оваа година воглавно во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне. Неколку случаи се регистрирани вон западна Африка и во САД.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски