Ромпуј: Велика Британија повеќе нема многу пријатели

Од:

Велика Британија повеќе нема многу пријатели, а и претходно не учествуваше во нoсeњето на некои тешки одлуки, поради посебниот статус во рамки на ЕУ, оти не беше членка на еврозоната ниту на Шенгенскиот договор, изјави поранешниот претседател на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј.

Во интервјуто за „Би-Би-Си“ Ромпуј истакна дека на излегувањето на Велика Британија од блокот гледа како на „политичка ампутација“.

Поранешниот претседател на Европскиот совет смета дека е „малку веројатно дека конкретните разговори меѓу Велика Британија и останатите членови на ЕУ за излегувањето од Унијата ќе започнат пред крајот на 2017 година.

Тој процени дека преговорите најверојатно ќе почнат по формирањето на новата влада на Германија, по изборите закажани за следниот септември.

– Преговорите ќе бидат тешки, но се надеваме на взаемна корист, нагласи Ромуеј и додаде дека од Велика Британија се очекува првиот чекор.

Премиерката на Велика Британија Тереза Меј претходно најави дека нема да го активира членот 50 за започнување постапка за излез пред 2017 година.

Лидерите на земјите членки, со исклучок на Велика Британија, ќе се соберат во словачката престолнина Братислава со цел да разговараат за иднината на блокот.

Ван Ромпуј беше претседател на Европскиот совет во периодот од 2009 до 2014 година.

– Пред одржувањето на изборите и формирањето на новата Влада на Германија, мислам дека нема да има сериозни преговори. Секогаш можете да почнете со некои технички прашања, но комплицираните, тешките теми нема да бидат покренати пред формирањето на новата Влада на Германија, идниот октомври или ноември, заклучи Ромпеј за радио „Би-Би-Си“.

Ван Ромпуј ги опиша високите претставници кои се именувани за преговорите, меѓу кои е белгискиот поранешен премиер Гај Верхофштат и францускиот експерт за финансии Мишел Барни, како „многу тешки и многу прагматични преговарачи“.

Тој демантираше дека лидерите сакаат да ја казнат Велика Британија поради излегувањето од Унијата.

– Сите преговори се тешки, тоа зависи од луѓето кои преговараат. Секако дека сакаме договор кој претставува некој вид на взаемна корист, вели Ромпеј.

Поранешниот претседател на Европскиот совет укажа дека „постојат огромни економски интереси, но постои и црвена линија. Добро е познато дека слободата на движење на државјаните на ЕУ е црвена линија“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он