Претседателот на Советот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј денес во Санкт Петербург ги повика истражувачите на ОН задолжени за истрага за хемискиот напад во Сирија што побргу да ги објават податоците за тој случај, за да меѓународната заедница може да одлучи како да реагира.
Тој оцени дека нападот од 21 август во Дамаск беше очигледно прекршување на меѓунардоните права и злосторство против човештвото.
Ромпуј сепак смета дека е многу рано за воен напад на сирискиот режим, како одговор на Западот за наводното користење хемиско оружје.
Претседателот на Советот на ЕУ ги повика лидерите на Самитот Г20 да пронајдат политичко решение за кризата во Сирија.
Елена Георгиевска