Ромпуј: Потребна е поголема економска и правна централизација

Од:

За посветла иднина на еврозоната потребна е поголема економска и правна централизација, за да се избегне повторувањето на претходните грешки кои за малку не го потопија целиот проект, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј.

Во текстот со наслов „Кон права економска и монетарна унија“, подготвен за самитот на лидери на ЕУ, што ќе се одржи следната недела, Ромпуј изнесува јасен распоред за усвојување на мерки со кои значително би се зацврстиле темелите на еврото.

Некои мерки се технички, како организирање на надзор на сите европски банки, додека другите се политичките, како за улогата на националните парламенти во контролирањето на буџетите. Тоа пред се однесува на Велика Британија која не сака да префрли повеќе суверенитет на Брисел за решавање на должничката криза.

– Одлуките за националните буџети се во срцето на парламентарните демократии земји-членки на ЕУ. Во исто време потребно е да се земе предвид заедничкиот интерес на Унијата, а националните парламенти не се во најдобра позиција тоа да го направат, посочува Ромпуј.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он