Романија ја поздрави најавата на Бајден за распоредување дополнителни сили

Од:

Романскиот министер за одбрана Василе Динчу во телефонски разговор со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја поздрави најавата на американскиот претседател Џо Бајден во врска со одлучноста на САД за распоредување дополнителни сили во Источна Европа.

Романскиот министер ја поздрави и американската поддршка за безбедноста и одбраната на Романија, соопшти романското Министерство за одбрана.

Динчу ја истакна потребата од консолидирање на сојузничките позиции на целото источно крило на НАТО, особено во регионот на Црното Море, како одбранбена формула за гарантирање на безбедноста на сојузниците и спречување на агресивни дејствија.

– Во таа смисла, изразена е потреба, поголема од кога било, за кохерентен, унифициран и избалансиран пристап во рамки на присуството на Алијансата на источното крило, соопшти романското Министерство.

Двајцата претставници разговарале за развојот на безбедносната ситуација во регионот на Црното Море, позицијата на НАТО на источното крило, како и за проширувањето на американското присуство во регионот, наведува Министерството.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски