Романија бара состанок и објаснување од Унгарија за поставувањето ограда на границата

Од:

Амбасадата на Романија во Будимпешта бара состанок во Министерството за надворешни работи на Унгарија за да го соопшти своето противење на унгарските планови за поставување ограда на границата со Романија.

Романската амбасада, исто така, бара и дополнителни објаснувања за таквите планови, соопшти Министерството за надворешни работи на Романија.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска  остро ги осуди изјавите на романскиот премиер Виктор Понта дека унгарските политичари не се ништо подобри од сириските и либанските, а чии државјани бегаат од земјата.

– Виктор Понта вчера изгуби самоконтрола и неговите неразумни изјави се навреда за цела Унгарија. Цивилизирани европски политичари не користат така остри клевети. Неговите изјави имаат само едно објаснување, а тоа е дека тој целосно ја загубил поддршката во романската домашна политика, се наведува во соопштението.

Понта синоќа на Фејсбук реагираше на плановите на Унгарија оградата што е поставена на границата со Србија да ја продолжи и кон Романија, изјавувајќи дека плановите на Унгарија потсетуваат на Европа од 30-тите и 4-тите години на минатиот век.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Орбан: Злосторство е Унгарија да се откаже од својот став да остане надвор од војната во Украина

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски