Романскиот државјанин, хоспитализиран во болница во Букурешт, со симптоми карактеристични за вирусот на ебола, е болен од маларија, изјави денеска менаџерот на букурешкиот Национален институт за инфективни болести „Матеј Балш“ Адријан Стрејну-Черчел.
Пациентот бил примен во итното одделение на болницата во градот Плоешт, со симптоми на повраќање, дијареа и други симптоми, карактеристични за ебола.
Романецот пристигнал од Нигерија, каде што работел.