„Ролс Ројс“ ќе гради мини нуклеарни реактори во Велика Британија

Од:

Компанијата „Ролс Ројс“ до крајот на оваа деценија планира да изгради мини нуклеарни реактори во Велика Британија, јави Би-Би-Си.

Од „Ролс Ројс“ потврдуваат дека постои план за изградба и управување со нуклеарни реактори до 2029 година. Мини нуклеарните станици можат масовно да се произведуваат и испорачуваат на локации со помош на шлепери, а со тоа и трошоците полесно ќе се предвидуваат.

Противниците на овој план тврдат дека Велика Британија треба во целост да се откаже од нуклаерната енергија и да се фокусира на поевтината обновлива енергија.

Активистите за заштита на животната средина се поделени кога станува збор за нуклеарната енергија, бидејќи едни сметаат дека е опасна и скапа, а другите тврдат дека се потребни сите технологии доколку се сака до 2050 година да се достигне целта од нулта емисија на штетни гасови.

Оние кои го поддржуваат проектот за мини нуклеарни реактори веруваат дека тие можат да парираат со цените на поевтините извори на обновлива енергија. Планот е мини реакторите да се сместат во Кумбрија или Велс, а треба да има вкупно 10 до 15 во цела Велика Британија.

Станува збор за помали реактори што може да ги има секој град, а користењето на постојните локации ќе го спречи проблемот со обезбедување од терористички напади.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он