Ројтерс: Хезболах ги отфрла американските предлози за ублажување на конфликтот со Израел

Од:

Либанската милитантна група Хезболах ги отфрли идеите на Вашингтон за ублажување на конфликтот со Израел, што би вклучувало оддалечување на нивните борци од либанско-израелската граница, но останува отворена за дипломатски напори за да се избегне „разорна војна“, изјавија денеска либанските власти.

„Хезболах е подготвен да слуша идеи“, изјави за Ројтерс неименуван висок либански функционер запознаен со плановите на Хезболах, истакнувајќи дека членовите на групата се запознаени со американските идеи, кои им ги пренел американскиот пратеник Амос Хохштајн.

Ставот на Хезболах во моментов е дека ќе продолжи да истрелува ракети кон Израел се додека не дојде до целосен прекин на огнот во Појасот Газа, но и покрај тоа групата останува отворена за дипломатски контакти, што, според британската агенција, сигнализира аверзија на Хезболах кон поширокиот конфликт со Израел.

Би можело да ве интересира

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

ВИДЕО: Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои шест деца