Рохани: Кашоги е убиен со поддршка од САД

Од:

Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека Саудиска Арабија не би се осудила да го убие Џамал Кашоги во Конзулатот во Истанбул без да има поддршка од САД.

– Мислам дека без американска поддршка таа земја (Саудиска Арабија) не би се осудила да стори такво злосторство, посочи Рохани .

Но, тој не понуди никакви докази за таквото тврдење.

Рохани саудискиот систем го нарече „племенско владеење“ , каде поединци имаат заштита и поддршка од луѓето на власт, така што ниту еден суд нема да преземе мерки против нив.

Саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“ 59-годишниот Кашоги исчезна на 2 октомври, а последен пат е виден како влегува во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул. По повеќедневно демантирање, официјален Ријад во петокот призна дека Кашоги е убиен во Конзулатот во непланирана „караница и тепачка“.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД