Рохани: Иран никогаш нема да отстапи од своите ветувања

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани вети денеска дек Иран никогаш нема да отстапи од своите ветувања во преговорите за нуклеарната програма и забележа дека санкциите против неговата држава се само „кратковидна надворешна политика на некои држави“.

– На следниот состанок во Женева Иран ќе предложи свој план. Ние никогаш нема да отстапиме од своите обврски, изјави Рохани.

Претставници на МААЕ и Иран денеска имаа конструктивни разговори во Виена.

Тие укажаа дека следната средба ќе им биде за еден месец. Договорот во седиштето на МААЕ уследи откако Рохани им порача на светските сили во Њујок дека Иран сака договор со големите сили во рок од еден месец со цел завршување на долгогодишниот спор меѓу Иран и САД, Русдија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија.

Тој се заложи за преговори за спорната нуклеарна програма кои „во кус временски период би донеле видливи резултати“.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он