Роднини на малолетници, кои и се приклучиле на бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК), денеска почнаа штрајк со глад во југоисточниот турски град Дијарбекир, барајќи враќање дома на нивните деца, јави агенцијата Анадолија.
На крајот на минатиот месец семејствата почнаа седечки протест пред зградата на градоначалникот на Дијарбекир со барање курдската Партија за мир и демократија да посредува за враќањето дома на малолетниците регрутирани во ПКК.
Роднините на младите изградија и камп од шатори пред зградата на градоначланикот. За време на дводневниот прекин на протестите, во текот на викендот, властите го растурија кампот на демонстрантите, заради што денеска тие одлучија да почнат штрајк со глад.
Во последно време членовите на ПКК ја обновија својата терористичка дејност и покрај актуелениот процес за мирно решавање на курдскикот конфликт.
Турските власти од крајот на 2012 година водат преговори со лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан со цел да го договорат мирното решавање на конфликтот, во кој досега загинаа десетици илјади лица.