Ризикот од нови мутации е реален и ќе треба прилагодување на вакцините

Од:

Вакцинација на населението е најголем приоритет на национално, европско и глобално ниво, истакна синоќа во Берлин австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тој потенцираше дека дека единствено ако се успее да се вакцинира поголемиот дел од населението до лето можно е враќање во нормала.

– Сите знаеме дека оваа пандемија нема да заврши летоска, рече Курц, нагласувајќи дека ризикот од нови мутации е реален и поради тоа е извесно дека вакцините ќе мора да се прилагодат.

Курц, во говорот на доделувањето на наградата „Аксел Шпрингер“ во Берлин, посветен на основачите на Бионтек – Угур Сахин и Езлем Тиреци, оцени дека историјата на човештвото е историја на напредок. – Меѓутоа, тој пат никогаш не бил лесен. Секогаш постоеле трагедии, како што се елементарни непогоди, војни или пандемии, потенцира австрискиот канцелар. Тој рече дека човештвото минатата година беше потсетено на ризиците, трагедиите и моќта на напредокот.

– На почетокот на 2020 година ретко кој можеше да предвиди колкава глобална криза ќе предизвика коронавирусот. Вирусот се одрази на сите индивидуални, економски и политички. – Но добрата вест е дека светлото е се поблизу како доаѓаме до крајот на тунелот. Не се прошири брзо само коронавирусот, туку и брзината на научниот прогрес, потенцираше синоќа Курц.

Би можело да ве интересира

Пандемијата на коронавирусот ќе има долгорочно влијание на менталното здравје

Северна и Јужна Америка се соочуваат со пандемија на невакцинирани

Катерина Павлова-Николовска

Кина одбива да учествува во втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот

Вакцинираните добиваат привилегии, во голем дел од светот се враќаат рестрикциите

Имунолозите изолираа антитело кое реагира на делта сојот

Делта сојот е проширен во 111 земји, три милиони нови случаи на коронавирус за една недела

Катерина Павлова-Николовска