Римјани го избраа левичарот Роберто Галтиери за нов градоначалник

Од:

Римјани го избраа поранешниот министер за економија Роберто Галтиери за нов градоначалник, како кандидат на левицата кој го победи својот десничарски ривал Енрико Микети, обвинет за антисемитизам, покажуваат излезните анкети објавени денеска по затворањето на избирачките места.

Во вториот круг од локалните избори, Роберто Галтиери освои 59 проценти од гласовите, наспроти 41 процент за Микети, покажува излезната анкета на Институтот Опинио, пренесе РАИ.

Галтиери (55) треба да ја наследи Вирџинија Раџа, од антисистемската партија „Движење пет ѕвезди“, првата жена избрана да раководи со италијанската престолнина, која беше елиминирана во првиот круг на локалните избори.

Овој резултат е нов удар за коалицијата на десницата и екстремната десница, која ги собира Форца Италија на Силвио Берлускони, Лига на Матео Салвини и Фратели д’Италија на Џорџо Мелони.

Во првио круг од изборите, што се одржа пред две недели, десницата и екстремната десница веќе ги загубија клучните градови Милано, Неапол и Болоња. Левицата ќе победи и во Торино, главниот град на северозападниот регион Пиемонт.

Резултатите од локалните избори, на кои право на глас имаа 12,5 милиони Италијанци, не треба да влијаат врз владата на Марио Драги, која во парламентот е поддржана од широка коалиција, од левичарската Демократска партија до Лигата на Салвини.

Изборите одржани вчера и денеска се одбележани со многу ниска излезност.

Во изборната кампања доминираа теми поврзани со сообраќајот и чистотата, поточно кризата со управување на сметот.

-Рим не може да се сведе само на зборување за ѓубрето и дупките на улиците. Рим е голем европски град, рече Галтиери на неговиот последен изборен митинг во петокот.

Кампањата на неговиот десничарски противник почна лошо затоа што минатата недела тој беше принуден да ги отфрли обвинувањата за антисемитизам, откако негова статија беше објавена во левичарски весник. Во написот што го напишал минатата година тој тврди дека Холокаустот е пообележан од другите масакри бидејќи Евреите ги контролираат банките и лоби групите што може да одлучат за судбината на планетата.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија