Режисерот на контроверзниот филм за Мухамед во бегство

Од:

Израелскиот режисер на контраверзниот филм за Мухамед, Сем Басил, уште од доцна синоќа се крие, веднаш по најавите дека неговиот филм е причина за нападите на амбасадите на САД во Каиро и во Бенгази.

Во својата изјава за „Асошиејтед прес“, од непозната локација, Басил рекол дека „Исламот е рак“ и дека сакал неговиот филм да има провокативна порака против исламот.

Тој е 56 годишен калифорниски бизнисмен кој се занимава со недвижности и се преставува себеси како израелски Евреин. Верува дека неговиот филм „Innocence of Muslims“, ќе и помогне на неговата земја да ги сфати грешките на исламот.
„Исламот е рак и точка“, повторувал тој неколку пати во своето објаснување.

Двочасовниот филм е снимен за пет милиони долари, донации од повеќе од 100 Евреи, открил тој, кој во исто време е и сценарист на филмот.

Во 13-минутниот извадок од филмот, поставен на „јутјуб“, актерите – аматери кажуваат бројни навреди за Мухамед, чии следбеници се претставени како еден куп насилници.

Мохамед во филмот е олицетворение на измамник, човек кој ја одобрувал сексуалната злоупотреба на деца.

„Невиноста на муслиманите“ бил сниман за 3 месеци, во текот на летото 2011 година. Во него биле ангажирани 59 актери и 45 лица зад камерите.

Во целост е прикажан само еднаш, во речиси празна кино – сала во Холивуд, годинава.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД