Ресторан во Ница отвори и покрај забраната, гостите викаа „слобода, слобода“

Од:

Ресторан во Ница денеска ги отвори вратите за гости и покрај државниот карантин кој е во сила поради пандемијата на Ковид-19. Ова е реакција на дел од граѓаните поради ограничувањата кои ги воведе француската влада, најавите се дека рестрикциите би можеле да бидат и построги во наредните денови.

Гостите го наполниле ресторанот. Полицијата го повикала сопственикот на разговор, но не го прекинала ручекот кој бил послужен, а не ги исфрлила ниту гостите.

Гостите извикувале „Слобода, слобода“ откако си заминала полицијата.

Рестораните и баровите во Франција се затворени од октомври минатата година. Жителите на Париз сведочат за слични вакви случки и во главниот град.

Би можело да ве интересира

Франција ги олеснува ограничувањата, маската повеќе не е задолжителна насекаде

Речиси 100 приведени на забранетиот протест на „Конвојот на слободата“ во Париз

ВИДЕО: Дел од конвојот демонстранти против вакцинацијата влезе во центарот на Париз, полицијата реагираше со солзавец

Франција воведува потврди за вакцинација, ќе важат во ресторани, кина, возови

Повеќе од половина милион здравствени пропусници денеска престануваат да важат во Франција

Во Франција 91.608 новозаразени со Ковид-19, најмногу за 24 часа од почетокот на пандемијата

Катерина Ѓуровски