Републиканка која ширела теории на заговор може да биде разрешена од Конгресот

Од:

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска гласа за отстранување на републиканката Марџори Тејлор Грин, претставничка од државата Џорџија, од Комисијата за образованиа и буџет поради скандали поврзани со ширење теории на заговор и говор на омраза пред нејзиното стапување на служба во јануари 2021 година.

Колегите демократи ја иницираа постапка по појавата на загрижувачки материјали по социјалните мрежи поврзани со неа.

Од разни статуси, видеа и пораки, се дознава дека пред да биде избрана во ноември 2020 година,Тејлор Грин, член на Претставничкиот дом од Џорџија, повикувала на егезекуција на демократските политичари. Друг видео материјал откриен од Ен-Би-Си Њуз, пак, покажува како таа нарекува „идиот“ преживеан во пукотницата во средното училиште во Паркленд, Флорида, и како тврди дека останатите школски инциденти со масовно пукање биле лажни.

Демократските конгресмени претходно ги повикаа своите републикански колеги доколку не го сторат тоа самите, ќе иницираат постапка за нејзино разрешување од сите комисии.

Загриженост поради ставањето на Тејлор Грин во Комисијата за образование минатата недела искажа и спикерката Ненси Пелоси, која побара нејзино заминување од таа комисија, уште повеќе поради тоа што негирала масакри што се случуваа во училиштата низ целата земја.

Од друга страна, републиканците денеска вршат консултации дали да ја исфрлат од своите редови претставничката Лиз Чејни, поради тоа што беше еден од ретките републиканци кои гласаа за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Од постапките на Тејлор Грин, која на изборите беше сесрдно поддржана од Трамп, наводно биле згрозени и повеќе републикански колеги.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски