Репортери без граници бараат од Бајден да ја заштити слободата на печатот и безбедноста на новинарите во САД

Од:

Невладината организација за заштита на слободата на печатот Репортери без граници (РСФ) по соопштувањето дека претседателските избори во САД ги доби Џон Бајден, испрати повик до него веднаш да заземе став за заштита на слободата на печатот и безбедноста на новинарите во САД.

-По четири години под ерата на Трамп, непријателството кон медиумите во САД никогаш не било поголемо, а слободата на печатот постојано опаѓа. Апсења, физички напади, јавно оцрнување, малтретирање новинари, Опсерваторијата за слобода на печатот на САД, чиј партнер е РСФ, забележа повеќе од 880 напади врз печатот во текот на годината, вклучувајќи 37 инциденти против новинари по изборите. Ситуацијата стана неподнослива и не може да продолжи, пишуваат РСФ во нивното соопштение за печатот.

Бидејќи погледите на целиот свет се свртени кон него, РСФ го повикува новиот американски претседател Бајден веднаш да заземе став за заштита на слободата на печатот и безбедноста на новинарите во Соединетите држави.

-Мора да се воспостават конкретни мерки за зачувување на американската демократија, почнувајќи од потпишувањето на Пактот за слобода на печатот инициран од РСФ. Време е да му дадеме пример на светот, завршуваат РСФ во краткото соопштение.

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа