Ренци: Ќе се бориме против тероризмот заедно со Франција

Од:

Италијанскиот премиер Матео Ренци денеска повторно изјави дека Италија ќе се бори „рамо до рамо“ со Франција и додаде оти е потребно да се формира погранична коалиција за да се уништи Исламската држава  и „ужасниот проект кој таа го претставува“.

На средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд, Ренци рече дека Либија мора да има приоритер бидејќи постои опасност баш таа земја да стане итен случај.

Оланд оваа недела покрена кампања за формирање на силна коалиција против Исламската држава по нападот на 13 ноември во кој се убиени 130 и повредени повеќе стотини лица.

Тој денеска ќе отпатува на состанок со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, а веќе разговараше со американскиот претседател Барак Обама. 

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа