Италија може и сама да ги спасува мигрантите во Средоземно Море, но Европа не може да си дозволи да остане бесчувствителна, изјави денеска италијанскиот премиер Матео Ренци за весникот „Стампа.
– Проблемот денес не е да се разјасни како Италија може да се справи сама со кризата. Ние сме голема земја, што не дозволува да падне во хистерија само затоа што годинава пристигнале неколку илјади мигранти повеќе од очекуваното, наведува премиерот во статија за весникот.
Ако сме принудени да се справиме сами, ние нема да се обидеме да се извлечеме. Нема да се откажеме од спасување на ниту еден човечки живот. Животот чини повеќе од едно социолошко истражување. Ако Европа сепак реагира, тоа ќе биде повеќе во корист на Европа, отколку на Италија. Италија може да се дозволи да се справи сосема сама во Средозмно Море. Европа е таа, што не може да си го дозволи тоа, истакна италијанскиот премиер.
Според Ренци ако солидарноста и одговорноста се важни, се наоѓа решение. – Ако преовладуваат егоизмот и стравот, ризикуваме да ја загубиме самата идеја за Европа, истакна тој.
Италија е принудена да се справи со серија имигрантски бранови од почетокот на годината, а ситуацијата дополнително се влошува поради одбивањето на голем број европски држави да прифатат дел од имигрантите, кои бараат азил.