Ренци: Британците не може да имаат поголеми права од лицата дојдени од земји надвор од ЕУ

Од:

Италијанскиот премиер Матео Ренци ја предупреди владата во Лондон дека би било „невозможно да се постигне договор“ со Велика Британија со кој Британците кои живеат и работата во ЕУ би добиле поголеми права од лицата дојдени од земји кои не се дел од Унијата.

Во интервју за Би-Би-Си, Ренци рече дека преговорите околу излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе бидат тежок процес, но дека тој треба да почне и да заврши што е можно поскоро.

Според италијанскиот премиер, одлуката за Брегзит била погрешно решение, но дека сега таа мора да се почитува.

Ренци признава оти бил шокиран и разочаран кога го дознал резултатот од референдумот на 23 јуни, но вели дека се согласува со она што го вели премиерот Тереза Меј дека „Брегзит значи Брегзит“, па дека сега мора да се спроведе заминувањето на Велика Британија од ЕУ.

Италијанскиот премиер смета дека дебатата околу правилото на ЕУ за слободното движење на работната сила и пристапот до заедничкиот европски пазар е интересна, затоа што таа претставува дебата околу концептот за правилата на Унијата во иднина.

Ренци заговара добри односи на ЕУ и Велика Британија и смета дека двете страни ќе останат пријатели и во наредните години.

Италијанскиот премиер наведува дека преговорите за Брегзит ќе ги води Европската комисија, а не некои од европските лидери или некоја од земјите членки.

Тој го критикуваше однесувањетото на поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, затоа што се обиде своите внатрешни проблеми со неговите конзервативци да ги реши со распишување референдум за ЕУ.

– Не може внатрешните проблеми да се решаваат со користењето на надворешно политичките работи, изјави Ренци во интервјуто за Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски