Рекордно ниски температури во Чешка до речиси минус 11 степени

Од:

Во делови на Чешка и утрово беа измерени рекордно ниски температури и тоа до минус 10,9 степени во Рокитске слати, на планинскиот венец Шумава, во западниот дел на земјата.

– Во станиците каде повеќе од 50 години се мерат минимални температури, рекордот беше надминат на 25 места, изјави Милош Дворжак од Чешкиот хидрометеоролошки завод (ЧХМУ).

Според него, во станицата Опава- Отице, со измерени минус 5,6 степени бил надминат рекорд од 1876 година, јави дописникот на МИА од Прага.

Метеоролозите предвидуваат дека идната недела земјата ќе ја зафати бран од топол воздух од југ и живата во термометарот не се очекува да се симне под нула степени ниту преку ноќ. Дневната температура ќе биде меѓу 11 и 18 степени.

Би можело да ве интересира

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Почнува летното сметање на времето