Рекордна заплена на канабис во Италија

Од:

Италијанската финансиска полиција заплени 42,7 тони смола од канабис, кај брегот на Сицилија што е една од најголемите заплени на дрога во Европа.

– Дрогата за која се претпоставува дека потекнува од Мароко, е пронајдена на бродот Абердин, долг 110 метри со кој управуваше екипаж составен од Либанци, Индијци и Сиријци- вели Венсан Совалер, директор во Националната разузнавачка управа на царината.

Бродот кој ја пренесувал дрогата, чија што вредност изнесува околу 120 милиони евра, требало да пристигне во некое од пристаништата на источен Медитеран, Либија, Грција или Албанија, од каде што требало да биде дистрибуирана ширум западна Европа.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Сопругот на италијанската европратеничка е пронајден мртов во автомобилот

Предраг Петровиќ

Драма во Палермо: Tатко ги избодел сопругата и двете деца, а потоа се забарикадирал во куќата

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум