Рекорден број Германци лани ги напуштиле Протестантската и Католичката црква

Од:

Рекорден број верници, над половина милион, минатата година ги напуштиле двете најголеми христијански цркви во Германија, соопштија денеска Католичката и Протестантската црква.

„Католичката црква во Германија има 272.771, или за 22 проценти помалку верници отколку во претходната 2018 година“, беш соопштено на Германската епископска конференција во Бон.

Во исто време, Протестантската црква во Германија во Хановер соопшти дека во 2019 година имала 270.000 помалку регистрирани членови од претходната година.

На една од двете главни христијански цркви во Германија во моментов припаѓаат околу 43 милиони верници, од вкупно околу 83 милиони жители. Бројот на верници е за пет милиони помал отколку во 2012 година.

Претставниците на двете цркви изразија жалење поради масовното заминување на верниците од редовите на црквата и како една од причините ја посочија потребата за промени во уредувањето на верските заедници.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година