Реконструкција на француската Влада

Од:

Во Франција денеска беше реконструирана владата, што се очекуваше откако претседателската коалиција на Емануел Макрон, по парламентарните избори во јуни, го загуби апсолутното мнозинство.

Клучните позиции останаа непроменети, па премиерката Елизабет Борн и министерот за финансии Бруно Ле Мер ќе останат на своите позиции, што е сигнал дека нема да има пресврт во политиката.

За нов владин портпарол беше назначен Оливие Веран, кој беше во поголемиот дел од пандемијата на коронавирусот министер за здравство. Веран, кој ќе биде задолжен за презентирање на владината политика, разви репутација на смиреност и присебност кога ја бранеше владината политика во времето на Ковид во парламентот и медиумите.

Министерот за солидарност Демиен Абад, кој е под истрага за наводен обид да силува две жени, ја напушти владата. Абад ги оспори наводите за сексуално насилство и, во коментари на неговите обвинувачи, рече дека длабоко жали што ја напуштил својата работа, но дека тоа е најдобро затоа што може да се брани без да и наштети на владата.

Владата ја напуштија и Брижит Бургињон, поранешна министерка за здравство, Жастин Бенин задолжена за морето и Амели де Моншалин, поранешна министерка за транзиција во животната средина и кохезија на заедницата.

Меѓу новите владини избраници е Лоренс Бун, заменик-генерален секретар на ОЕЦД и главен економист, кој го замени Клемон Бун како министер за европски прашања, додека Бун стана нов министер за транспорт.

Првата седница на Советот на министри на новата влада е закажана за 16 часот.

Предизвиците за новата влада ќе започнат веќе оваа недела со предлог-законот за трошоците за живот што треба да го усвои Владата и кој треба да стигне до парламентот, како и владиното експозе што ќе го изнесе премиерот.

Борн би можела да побара гласање за доверба по говорот, а левичарската опозиција соопшти дека ќе свика гласање доверба доколку премиерот не го направи тоа.

Макрон не објави никаков коалициски пакт со други партии за изградба на функционално мнозинство во парламентот, ниту, пак, освои некои големи имиња од опозицијата во оваа последна реконструкција на владата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Макрон: Треба да изградиме Европа која ќе биде одбранбена и способна

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Макрон: Треба да се запре продажбата на оружје што се користи во Газа

Макрон го повика Израел да престане да ескалира, а Хезболах да ги прекине непријателствата