Регистрирани над 700.000 случаи на мигранти во ЕУ од почетокот на годината

Од:

Над 700.000 случаи на мигранти во ЕУ се регистрирани од почетокот на годината и почекуваат одлука дали ќе добијат статус на бегалци, соопшти Европската агенција за азил (ЕАСО) на средба меѓу националните парламенти и Европскиот парламент во Брисел.

Само во месец август во ЕУ се поднесени над 148.000 барања, што ги надминува сите рекорди од претходните години.

Главна тема на дебата, претседавана од Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на ЕП, беше создавањето на т.н. „жешки точки“ за обработка на миграциски текови во земјите, на чии граници има најголем притисок.

– Идејата со „жешки точки“ се уште не е доволно добро објаснета. „Жешки точки“ се отвораат во дадена држава членка, само на нејзино барање и во неа експерти од сите одговорни европски агенции помагаат за детална проверка на мигрантите, одредување на тоа кој навистина бега од војна и кој е само економски мигрант, како и помош при земање на отпечатоци и регистирање, изјави Илијана Јотова, која е заменик претседател на парламентарната комисија домаќин.

Според Јотова, први чекори за создавање на „жешки точки“ веќе се преземени од Италија и Грција.

Јотова нагласи дека сите учесници на средбата биле согласни дека треба да се работи со транзитните земји и во дел со Турција, со цел да се намали притисокот на надворешниет граници на ЕУ. – Сериозно е разговарано и за тоа кои земји надвор од ЕУ ќе влезат на листата на „безбедни држави“, односно за транзитни земји или земји на потекло, за кои може да се каже дека нема опасност по животот на мигрантите, ако бидат вратени таму, истакна таа по средбата.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто