Реформите на НСА добија „зелно светло“ во Конгресот на САД

Од:

Комисијата за правда на Претставничкиот дом на САД синоќа ја одобри рефромата на програмата за следење на комуникациите од страна на американската Агенција за национална безбедност (НСА), што претставува прв важен чекор кон нејзино усвојување.

Комисијата едногласно го усвои предлог-текстот се кој се предвидува стопирање на систематското следење на телефонските податоци од страна на НСИ.

Во иднина за таква операција на НСА ќе и биде потребно одобрение од специјален суд, кој ќе биде формиран со задача да ја регулира работата на разузнавачките агенции.

Дури по судското одобрение НСА или која било друга агенција ќе може да бара од операторите да им достават податоци за телефонски разговори на осомничено лице за период од најмногу 180 дена.

Реформирте во работата на НСА беа покренати откако нејзиниот поранешен соработник Едвард Сноуден обелодени дека Агенцијата развила програма за масовно следење на комуникациите ширум целиот свет.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД