Референдум во Нов Зеланд за ново знаме на државата

Од:

Во Нов Зеланд денеска почна гласањето на референдумот за избор на ново државно знаме на оваа островска земја.

Гласачите треба да се одлучат за пет предлози што беа определени по селекцијата што претходно беше направена.

На три од нив доминираат сината, црвената и белата боја од сегашното знаме, врз кои е додаден папратот, како симбол на земјата.

На другите два предлози доминира црната боја, под која традиционално настапуваат новозеландските спортисти, а пред се рагбистите, кои неодамна станаа светски шампиони.

Во дел од домашната јавност владееше уверување дека знамето на рагбистите – црно со бел папрат на него – би требало да биде и државно знаме, но овој предлог, кој беше и официјализиран во текот на кампањата за референдумот, беше отфрлен со објаснување дека не му доликува на Нов Зеланд да биде единствената земја во светот со „гусарско знаме“.

Новозеландските гласачи сега имаат рок од еден месец во кој треба да ги предадет по пошта своите гласачки ливчиња.

Според одлуката на Владата, кој било предлог да добие најмногу гласови, тоа нема да значи дека е избрано ново државно знаме, затоа што во 2016 година ќе има уште едно гласање. На него Новозеланѓаните ќе треба да се определат за тоа дали сакаат сегашното да го заменат со ново знаме за државата.

Новозеландскиот премиер Џон Ки изјави дека актуелното државно знаме не го претставува новиот и модерен Нов Зеланд, но последните анкети покажуваат дека мнозинството од гласачите се против промената.

Сегашнпто знаме има темно сина боја на која има четири ѕвезди, а во горниот лев агол е знамето на Велика Британија. Речиси е идентично и знамето на Австралија, кое се разликува само по тоа што има две ѕвезди повеќе на темносината основа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски