Редовен сообраќај под Ламанш

Од:

Компанијата Евростар по двата прекини на сообраќајот во тек на викендов во тунелот кој ги поврзува Англија и Франција под Ламанш, ќе продолжи со редовна работа.

Поради електричен дефект кој се случи во недела тунелот беше затворен на два часа, што претставуваше нов проблем за патниците, кои поради камионот кој во сабота се запали во тунелот, мораа да ги откажат патувањата.

-Нема да биде поправен целиот тунел, но ќе има делови кои ќе бидат поправени, што ќе овозможи поголем проток на сообраќајот и да работиме редовно – рече извршниот директор на Евростар, Николас Петровиќ, за „Франс прес“.

Компанијата Евростар која нуди железнички услуги, поврзувајќи ги Лондон, Брисел и Париз, вчера беше принудена да откаже 11 возови, додека останатите доцнеа до пет часа.

Поради пожарот сите возови се вратени во станиците од кои што тргнале, а 42 лица се евакуирани. Инаку околу 400 возови и 1,5 милиони камиони секој ден поминуваат низ овој тунел.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата