Речиси сто илјади жители украинската Закартпатска област добија унгарско државјанство

Од:

Околу 94 илјади жители на украинската Закарпатска област добиле унгарско државјанство по брза процедура, изјави за локалниот весник „Мукачево“, Арпад Јанош Потапи, државен секретат за национална политика во унгарската Влада.

Според Потапи по брза процедура, предвидена за етничките Унгарци, Унгарија добила 670 илјади нови државјани, а барања досега поднеле 710 илјади лица.

Најголем број од новите државјани доаѓаат од романска Трансилванија (66 отсто), 17 проценти се од српската автономна област Војводина, а 14 отсто од Закарпатската област.

Според податоците од пописот во 2001 година во Украина живеат 156 илјади етнички Унгарци.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски