Речиси половина милион луѓе го пречекаа папата Франциско во Кито

Од:

Папата Франциско, кој ја почна осмодневната турнеја по Јужна Америка, во главниот град на Еквадор, Кито беше пречекан од околу половина милион луѓе.

Папата им дозволи на верниците и да направат „селфи“ со него.

За денеска е предвидено папата Франциско да се сретне со претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа. Тој за време на посетата на Еквадор ќе го посети и најголемиот град Гвајакиле

Поглаварот на  Римокатоличката црква ќе ги посети и Боливија (од 8 до 10 јули), при што ќе претстојува во Ла Паз и во Санта Круз и Парагвај (од 10 до 12 јули), а ќе ги посети Асунсион и Какупе.

Планирано е тој да одржи 22 средби со верниците, така што оваа посета веќе е прогласена за најнапорна од кога 78-годишниот Франциско стапи на должноста.

Папата ќе ги посети една од најсиромашните приградски населби на Асунсион и еден од најопасните затвори во светот, Палмасол во Боливија, каде казна отслужуваат 3.500 лица, а каде во 2013 година, при еден судир меѓу затворениците, загинаа десетици лица.

За време на посетата на Боливија папата Франциско ќе џвака и лист од кока.

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници

Затворениците во Еквадор ослободија 11 вработени во затворот кои беа земени како заложници