Речиси две третини од Словенија е под вода: Штетата ќе надмине 500 милиони евра

Од:

Словенија се соочува со најтешката природна катастрофа во поновата историја, изјави словенечкиот премиер Роберт Голоб по денешната седница, додавајќи дека две третини од Словенија е погодена од поплавите.

„Покажавме волја и одлука да дејствуваме обединето за да им помогнеме на граѓаните што е можно поскоро. Продавниците со храна и технологија, каде што е можно, ќе работат и во недела“, најави Голоб.

На средбата политичкиот врв тој се запозна со извештаите на Цивилната заштита и министерствата.

„Штетата ќе надмине 500 милиони евра“, изјави Голоб за првата проценка на штетите, кој најави дека веќе се подготвуваат законски измени, па и Владата ќе се состане за што поскоро да донесе интервентен закон.

Напорите повторно да се овозможи нормален живот ќе бидат големи, предупреди премиерот. Оштетени се главно патна и енергетска инфраструктура и стотици станбени згради.

– Целта на законските измени е да се зајакнат општините за и без систем за јавни набавки да можат да спроведат мерки за итна интервенција на терен, рече Голоб.

Ако сакаме ефективно да ги отстраниме последиците, ќе мора „да почнеме да работиме поинаку отколку што бевме навикнати во минатото“, рече премиерот.

– Законските измени најверојатно ќе треба да се ратификуваат веднаш, рече тој.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Нема опасност за населението по излевањето на Маркова Река, евидентирана е само материјална штета

Горан Наумовски

Маркова Река се излеа во село Батинци, нема потреба од евакуација

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор