Речиси два милиони муслимански верници од целиот свет се собраа денеска на ридот Арафат кај Мека, каде што се одржа централниот обред кој претставува кулминација на родишниот аџилак, по што ќе следи симболичното каменување на ѓаволот.
Според верувањата на „Денот на Арафат“, верниците се молат, поклонуваат и воедно бараат Алах да им ги прости гревовите.
На ридот Арафат, како што се верува, пред 14 векови пророкот Мухамед за последен пат им се обратил на верниците со свој проповед. Се верува дека на тој ден се отвораат вратите на Рајот и дека од Семоќниот се бара да одговари на молитвите на верниците и воедно да им ги прости гревовите.
На зајдисонце верниците ќе го напуштат Арафат и потоа ќе собираат камења со кои утре ќе го „каменуваат ѓаволот“.