Во првите 24 часа по терористичките напади во вторникот во Брисел, во кои загинаа 31 лице, а над 300 беа повредени, точно 891.500 лица кои во тоа време биле во белгиската престолнина се чекирале како „безбедни“ на социјалната мрежа Фејсбук, јави дописникот на МИА од Брисел.
Во исто време, според оваа најупотребувана социјална мрежа во светот, 34.7 милиони лица примиле пораки со вести од нивни блиски или познати дека се безбедни.
По минатогодишните терористички напади во Париз, прво во јануари на редакцијата на неделникот „Шарли Ебдо“ и на кошер продавницата, а потоа и во ноември на четири локации, кога 1загинаа 37 лица, Фејсбук воведе т.н. „безбедносно чекирање“, што им го предлага на сите корисници на оваа социјална мрежа кои во тој момент се наоѓаат во градот каде е извршен нападот и користат Фејсбук.
Со ова, социјалната мрежа на Марк Цукерберг овозможи најлесен начин за сите блиски и познати што имаат некој свој во местото каде има терористички напад, веднаш да бидат уверени дека ток е безбеден.