Реакции по терористичкиот напад за време на Бостонскиот маратон

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ги осуди смртоносните бомбашки напади на Бостонскиот маратон каде има најмалку тројца загинати, меѓу кои едно 8-годишно дете, а бројот на ранети е над 140.

– Оваа пројава на насилства е ужасна бидејќи се случува на настан каде се собираат луѓе од цел свет во спортски дух и хармонија, изјави Бан.

Над 25.000 учесници од десетици држави во светот имаше на тој маратон кој се смета за најстар градски маратон во светот и кој се организира од 1897 година.

– Сакам да изразам најдлабоки сочувства до семејствата на жртвите и да им посакам на повредените побрзо закрепнување, изјави Бан.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека е шокиран од нападот.

– Мислите ми се со сите жртви, наведе Хејг на Твитер.

Франција увери за поддршка и солидарност до САД .

– Во овие тешки моменти мислите ни се со семејствата на жртвите и ранетите. Упатувам целосна поддршка и солидарност до локалните и федералните власти, изјави портпаролот на француското МНР Филип Лалио.

Британската полиција повторно ги разгледува плановите за безбедност на Лондонскиот маратон кој ќе се одржи в недела и каде се очекуваат повеќе од 30 илјади учесници.

Францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс побара од локалните шефови и силите за безбедност итно да ги засилат патролите низ државата. Засилено е и обезбедувањето на владини згради.

Во Јапонија исто така е засилено обезбедувањето на места каде се собираат голем број луѓе, јавија локални медиуми. Засилено е и обезбедувањето на воени објекти во државата како и обезбедувањето на американски воени бази Јапонија.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он