Реакции на светски весници по официјалното завршување на мисијата на НАТО во Авганистан

Од:

НАТО стави крај на 13-годишната војна во Авганистан, објави Монд во наслов на статија посветена на вчерашната церемонија во Кабул по повод повлекувањето на силите на мисијата.

Портпарол на талибанците изјави неколку часа претходно дека „13-годишната мисија на САД и НАТО во Авганистан е апсултно неуспешна. Денешната церемонија е нивниот неуспех“.

Претседателот на САД Барак Обама го поздрави фактот дека „најдолгата војна во американската историја завршува одговорно…со повеќе сигурност за нас, повеќе безбедност за нашата држава“.

Во 2011 година Меѓународните сили за поддршка на безбедноста во Авганистан (ИСАФ) под команда на НАТО имаа 130 илјади луѓе. Неодаменшните пројави на насилства особено во Кабул, покажаа колку е тешко за коалицијата да и се спротистави на талибанскиот отпор“, наведува Монд.

Според податоци на ОН, во 2014 година бројот на цивилни жртви во државата е зголемен за 19 отсто на – 3.188 луѓе во крајот на ноември. Авганистанската армија и полиција имаа тешки загуби – над 4.600 припадници во првите 10 месеци од оваа година, повеќе отколку НАТО од 2001 година досега.

Во тој период меѓународната заеница во Авганистан испрати милијарди долари помош, но ефектот е ограничен поради масовната корупција во државата, навеудва Монд.

По 13 години во Авганистан, НАТО го симна знамето, наведува францускиот весник Фигаро.

Во 2015 година во Авганистан ќе останат 12.500 до 13.500 војници на НАТО од кои 5.000 американски војници. Дваесет и осумте сојузници од НАТО и 14 партнери ќе придонесат за операцијата наречена Решителна поддршка во Авганистан, објави Вашингтон пост.

Американски претставници укажуваат дека околу 5.500 американски војници ќе бидат дел од вториот контигент во Авганистан кој ќе биде базиран во Кабул, додава весникот.
НАТО се повлекува од Авганистан и ја остава авганистанската армија и полиција да се грижат за безбедноста на една држава зафатена со жесток бунт и зголемен број жртви меѓу војниците и цивилите, наведува британски Гардијан.

Војната во Авганситан заврши, но битката со талибанците и нивните рачно изработени експлозивни средства продолжува, објави Индепендент.

Британските војници го напуштија Авганистан, но многумина богати Британци се движат во обратна насока, објави Тајмс.

И поркај терористичките закани и предупредувањата на МНР зголемен е бројот на туристи од Британија кои посетуваат места во таа држава.

Според туроператорот Вајлд фронтиерс, во изминатата година бројот на туристи кои се „насочени“ кон Авганистан е зголемен повеќе од двојно. Основачот на фирмата вели дека туристите сакаат да ги видат со свои очи местата за кои читаат во весниците.

Станува збор за образовани луѓе кои веќе многу патувале по светот. Во програмата се посета на Кабул, Херат и авганистанските езера Банд и Амир за сума од околу  пет илјади британски фунти.

Со години наназад туристи од тој тип избираа патувања во ирачки Курдистан. Но, со месеци тој интерес е намален поради нападите на Исламска држава во Ирак и Сирија. До неодамна исто така туристички дестинации беа и централно Мали, Либија и Сирија, но тие региони се веќе доволно опасни. До моментот во конфликтните зони не настрадал ниту еден британски турист, наведува Тајмс.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО