Разознавачи во САД уште во ноември предупредиле за опасната болест во Вухан

Од:

Американските служби уште во ноември минатата година предупредиле дека во кинескиот град Вухан се шири инфекција, која влијае на животните навики на луѓето и работата на бизнисите и претставува опасност за населението, јави „Еј- Би-Си њуз“.

Телевизијата се повикува на четири извори запознати со доверливите материјали во кои се наведуваат стравувања околу она што сега е познато како пандемија на коронавирус.

Ова било детално наведено во ноемврискиот извештај на Националниот центар за медицинско разознавање (НЦМИ).

Извештајот е заснован врз анaлиза на пресретнати компјутерски и други трансфери и сателитски снимки.

– Анализите биле направени врз основа на сознанија на знаци од болест која може да излезе од контрола и да ги загрози воените сили на САД стацонирани во Азија, се вели во извештајот на НЦМИ.

Според еден соговорник, за ова повеќепати биле брифирани во Разузнавачката управа на Пентагон, како и во Здружениот штаб на воените сили на САД.

Материјалите биле спроведени по доверливи канали кај повеќе разузнавачки служби кои ги споредиле со нивните наоди од Кина.

Тие потоа биле поминати преку ветинг, преразгледани, утврдени и испратени во Белата куќа на почетокот на јануари во конечен брифинг за ситуацијата со ширењето на инфекцијата во Вухан.

Од средината на јануари и во текот на цел февруари, откако заврши постапката со неговиот импичмент, американскиот претседател Доналд Трамп во своите обраќања ја потценуваше опасноста од вирусот.

Прашан за предупредувањата на разузнавачите во ноември, Марк Еспер, министер за одбрана, во емисија на Еј-Би-Си, изјави дека „не се сеќава“.

– Но, ве уверувам дека имаме луѓе од врвен истражувачки центар при армијата на САД, кои внимателно ја следат ситуацијата, изјави Еспер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски