Разменетиот руски затвореник Виктор Бут: Западот се обидува да ја „подели“ Русија

Од:

Рускиот дилер на оружје, Виктор Бут, кој беше ослободен во размена на затвореници за американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер, за руските медиуми изјави дека западните земји се обидуваат да ја „уништат“ и „поделат“ Русија, пренесоа француските медиуми.

„Западот верува дека не не довршија во 1990 година, кога Советскиот Сојуз почна да се распаѓа… Тие мислат дека можат само повторно да не уништат и да ја поделат Русија“, изјави тој за државниот канал „Раша Тудеј“.

Бут (55) беше ослободен вчера во размена на затвореници во Абу Даби за Гринер, која беше затворена во Русија за поседување канабис.

Тој беше обвинет за вооружување на бунтовници во некои од најкрвавите конфликти во светот.

Бут во интервјуто вели дека не наишол на никаква „русофобија“ меѓу другите затвореници, нагласувајќи дека дури тие воглавно имале „одредени симпатии кон Русија“.

Интервјуто со Бут го водеше Марија Бутина, пратеничка во Долниот дом на рускиот Парламент, која одлежа 15 месеци во американски затвор за незаконско дејствување како странски агент на Москва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Западот каков што го знаевме повеќе не постои

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи