Различни заклучоци за смртта на палестинскиот министер

Од:

Израелските и палестинските патолози, кои извршиле обдукција на телото на палестинскиот министер дошле до контрадикторни заклучоци.

Палестинскиот лекар денеска изјави дека Зиад Абу Аин починал од удар во телото, додека израелскиот лекар изјави дека причина за смртта на 55-годишниот министер е блокада на коронарната артерија.

Абу Аин почина вчера по судири на Западниот Брег меѓу палестинските демонстранти и израелската погранична полиција. Еден израелски офицер во тој момент го фатил за врат. Војниците исто така употребиле солзавец за да ги растераат демонстрантите.

Палестинскиот министер за цивилни работи, Хусеин ал Шеик го обвини изутрината Изтаел дека е одговорен за смртта на министерот, кој почина вчера откако беше турнат и фатен за врат од еден израелски пограничен полицаец за време на протестниот марш на Западниот Брег.

Тој истакна дека обдукцијата покажала дека палестинскиот министер починал од удар и вдишување на солзавец. Шеик додаде дека за смртта придонел и фактот што жртвата доцна била префрлена во болница.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци