Разговор на Шерман со европските сојузници за руските акции во источна Украина

Од:

Заменичката државен секретар Венди Шерман денеска телефонски разговараше со генералните секретари на француското, германското и италијанското МНР, Франсоа Делатре, Андреас Михаелис и Еторе Секвеј, со британскиот министер за Европа и Северна Америка Џејмс Клеверли, како и со министерот за надворешни на Лихтенштајн, Доминик Хаслер.

Шерман и нејзините европски колеги ја осудила долуката на Руската Федерација да признае „независност“ на таканаречените „Доњецка и Луганска народна република“, соопшти портпаролот Нед Прајс.

Тие, исто така изразиле недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и силна заложба за трансатлантското сојузништво.

Сите се сложиле дека руското флагрантно непочитување на меѓународните закони побарува жесток одговор од меѓународната заедница и тесна координација за следните чекори, вклучувајќи дополнителни тешки економски санкции ако Русија продолжи да ескалира со својата агресија против Украина.

Заложбата за дипломатија како излез од кризата останува, но само во услови на деескалација од страна на Русија, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Зеленски: Русија е единствената што ја продолжува оваа војна

(ВИДЕО) Украина: Русија изврши ракетен напад врз станбени згради и училиште во Суми

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството на Украина

Шмихал: Продолжените напади покажуваат дека Москва продолжува со својот терор и покрај договорот

Украина го загуби Курск, но сега напредува во новиот руски регион