Шмихал: Продолжените напади покажуваат дека Москва продолжува со својот терор и покрај договорот

Од:

Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави денеска дека континуираните руски напади покажуваат дека Москва сака да го продолжи својот „терор“ и покрај делумното примирје договорено минатата недела.

„Украина се стреми кон мир, а Русија уште еднаш покажува дека сака да продолжи со теророт. Меѓународната заедница мора да го зголеми притисокот врз Русија да ја запре агресијата и да обезбеди правда и да ги спаси животите на Украинците“, изјави Шмихал на платформата „Икс“.

Тој истакна дека Русија денеска нападна цивилна инфраструктура во Сума, а во нападот беа оштетени станбени згради, а во руското гранатирање има и повредени, меѓу кои има и деца.

Шмихал изјави дека единиците на Државната служба за итни случаи се на терен.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година