Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството на Украина

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека го бранел достоинството на Украина за време на тензичниот јавен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа кон крајот на февруари.

„Во разговорот со Трамп во Белата куќа, го бранев достоинството на Украина… Зошто Украинците се бранеа на почетокот на оваа војна? Тоа беше за достоинство. Ние не се сметаме себеси за некаква суперсила“, рече Зеленски во интервју за „Тајмс“.

Тој изјави дека Украинците се многу емотивни и дека кога станува збор за нивното чувство за достоинство, слобода и демократија, овој народ се крева и се обединува.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Азаров: Трамп има овластувања да се пресмета со Зеленски

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година